Top
rabotno biro

Како да си го олесните работниот ден?

На многумина луѓе, работното место им создава притисок и нервоза. Постојат неколку начини како да бидете што поопуштени и попродуктивни на работното место.

Во својот распоред вметнете ги термините за одмор
Кога правите план за целата работна недела или за денот, јасно потенцирајте го времето за семејството, пријателите и сите оние активности нешта кои ве прават среќни и ве полнат со позитивна енергија.

Не се плашете од делење на работата
Не се обидувајте да направите се сами иако тоа го посакувате. Побарајте помош од членовите на семејството и колегите. Научете и љубезно да одбивате обврски кои не се ваши.

Секое утро одвојте пет минути за медитација
Таа ќе ви помогне да имате енергија и ентузијазам за она што следува во текот на денот.

Движете се повеќе
Знаеме дека не е лесно да најдете време за вежбање, но научно докажано е дека физичката активност го поправа расположението и ви дава енергија.

Создадете си пријатна работна средина
Украсете го бирото, односно ставете цвеќе на работната маса, мотивационен цитат во рамка, фотографија од семејството и слично. Веднаш ќе забележите разлика.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>