Top
Young woman sitting in her kitchen working on a laptop

Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

Работата од дома на прв поглед изгледа како работа од соништата, покрај сите позитивни предности, има и некои недостатоци. Да работите удобно од дома, со паузи коа сакате, без одреден притисок кој го носи канцеларијата со себе, звучи феноменално! Сепак, сите погодности за работа од дома можат негативно да влијаат на продуктивноста. За да ја зголемите ефикасноста и продуктивноста практикувајте ги следниве три совети.

Излезете од креветот
Топол и удобен кревет е идеален за опуштање и уживање, но не и за работа. Работата во креветот не е добра за правилно држење на телото и позицијата на вашиот ‘рбетот, а наместо да се концентрирате и продуктивно да работите, ќе забележите дека ја губите енергијата почесто и почесто, бидејќи ви се спие. Најдобро би било да ја вршите работата на масата, за да имате чувство дека сте на работното место.

Направете пауза
Пауза од работа е неопходна дури и кога работите од дома. Направете пауза за ручек, и кога треба да си ги соберете мислите, напијте се кафе и одморете се 15 минути, но бидете дисциплинирани и не дозволувајте вашите одмори да станат почести.

Не дозволувајте луѓето да ве деконцентрираат и спречат
Повеќето луѓе, кои немаат среќа да работат од дома, не ја сфаќаат сериозно вашата работа и не ја разбираат потребата за мир која е неопходна за да ја завршите работата. Треба да пронајдете начин да им покажете дека вашата работа е толку важна како и нивната и дека имате потреба од мир, тишина и концентрација. На овој начин, успешно ќе ја зголеми вашата ефикасност а работата од дома ќе се претвори во совршена работа и ќе уживате во најдобро што можете!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>