Top

Грешна светица

Беше тоа уште една вообичаена ноќ помината сам во мојата соба, дружејки се со ново шише алкохол,полна пепељара пикавци и многу мизерија.
Ме чека нова борба, се влечам, собирам сила да го подигнам лицето од подот и размислувам на тебе грешна светицо.
Твојот отров ме обвива со тага и неможам да се сокријам.
Разумот ми вели “не, доста е” додека срцето бие трпеливо, наоѓа надеж и сеуште моли за уште малку време.
Но, денот може да дојде, кога јас ке го изгубам ова срце и сета надеж ќе изчезне засекогаш, кога сето ова ке биде сеќавање на една слатка мизерија.
Сеуште лежам во полутемната соба и чуствувам како воздухот станува црн, ме гуши и чуствувам како набрзина тонам во најдлабокиот лавиринт, со најцврстите ѕидови, се чини ниедна мисла не може да ги пробие овие ѕидови.
Полека ѕидовите се затвараат над мене, врескам во агонија, но, веке е предоцна…
Целиот изгубен лутам и барам излез низ ѕидовите насликани со твојот портрет и претпазливо внимавам да не те допрам.
Конечно, еве ме пред олтарот на пеколот, тука е пред мене мрачниот судија подготвен да ме прими. За последен пат се прашувам каде си пред да влезам, додека тој ги изустува последните зборови “Ако има некој нешто да каже, нека стане сега или нека молчи засекогаш“. Долга тишинааа…
Сега веке бледее и последната мисла бидејки денот дојде и јас го изгубив моето срце, а надежта полека изчезнува.

Дојде и тој ден но сеуште нема причина за прослава!! 🙁

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Грешна светица“: Никола Богоевски

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *