Top

Жена

Беше еднаш одамна,
кога месечината сеуште го имаше својот сјај,
а сонцето сеуште спиеше врз ѕвездите.
Се потпирам на мислите,
и отстапувам место на мемориите..

Твоето име ме потсеќа на месечината, знаеш?

Фино. Баш го сакам нејзиниот сјај, ги оголува тајните на безгласните.

Ќе можеш ли да ми ги довериш тајните?

Тајната нема да остане тајна ако се пренесува.

Тогаш раскажи ми за нивниот живот!

Нивниот ЖИВОТ? Едноставен е и премногу комплициран.
Не мислам дека би го засегало тоа некој „мистеричен“.

Нели те навлекува мистериозноста кон нешто познато?

Хм. Можеби на еден живот оставен во рацете на една дабова шума,
кој можеше да биде многу подобар
од истутканото и прескапото ѓубре
кое сега го живее еден човек, една жена.

Можеби животот стапнал во она делче од нас?

Кое?

Во заборавот.

Тоа не е делче од нас. Тоа сме всушност целите ние.
Постојано ја забораваме нашата вредност,
нашата цел, нашата лична легенда,
ја забораваме другата страна на животот
и веднаш лепиме етикета Сурово.

Кое е најголемото Божјо створение?

Човекот. Жената.

Еднаш Бог рекол:
Ако мислиш дека не си убав, погледни се во огледало и види го моето ремек дело“.
(молк некое време..)

Нели е чудно?

Што?

Блескањето на мачкините очи во ноќта.

Тоа е нивен знак дека се овде, да се забележат,
и тие имат потреба од некого.

Не, мислам, во погледот упатен кон тебе има светлина?

Тогаш тоа не е маче, тоа е твоето друго јас,
твојата втора половина чија
твојата желба е нејзина заповед,
а твојата заповед е нејзина желба. Жена?

Хм, сега го сфаќам восхитувањето на Бог
кон своето најголемо совршенство..

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Жена “: Моника Ристовска

Facebook FAN page




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *