Ти што ми покажа што е љубов, ти што ми ја покажа сладоста на животот, ти си тој кој ми покажа како е да се љуби. Ти си истиот тој кој ме убеди дека целиот свет ќе ми го подариш, а всушност ми го сруши врз глава и ми го загорчи животот. Иако јас позната како девојка која не верува на никого, девојка на којашто гордоста ѝ е пред љубовта и чувствата, иако целиот свет знаеше дека сум девојка која не дозволува некој да си поигрува со нејзините чувства, сепак таа горда и навидум бесчувствителна девојка дозволи да влезеш во нејзиниот живот и да направиш пекол од него. Слатки зборови, ангелска и воедно заводлива насмевка се единствените придобивки од тебе. Иако знаејќи го машкиот свет, иако секогаш велејќи дека не би дозволила да се заљубам, дозволив да поверувам во твоите лаги и да ти дозволам да влезеш во мојот розев свет и да го направиш црн. Ти си мојата рана, мојата љубов , единствениот кој успеа да го допре моето тело и да ги вкуси моите усни. Сепак лагите не можат да опстојуваат долго, сè што е убава кратко трае, сè е минливо, па така и ти, твоите лаги и твоите бесконечни ветувања во кои јас поверував. Ти успеа да влезеш во мојот живот, успеа да ме натераш да поверувам дека конечно пронајдов некого во кого можам да имам доверба, некого да кого можам да се потпрам. Сепак не размислив дека ти си иксусен во полето на љубовта, не размислив дека ти единствено бараш авантура и забава, а не бараш љубов и долги врски. Не знаев дека ти сакаш убаво да си поминеш и да ја искористиш онаа која ти го подари срцето. Лагите кои неуморно ги кажуваше ме натераа да поверувам во љубовта. Сепак на крај дознав дека твојата единствена цел е да влезеш во нечиј живот, да заробиш нечие срце, да дознаеш нечии слабости за потоа да можеш да го скршиш невиното срце и да оставиш расплакани очи зад себе. Ти си тој којшто во еден момент го правиш животот како од бајка, а веќе следниот момент исчезнуваш барајќи нова жртва која би ја повредил и би ѝ го сторил истото како и на претходните. Кога ги отворив портите на моето срце пред тебе помислив дека конечно го пронајдов својот принц, но потоа сфатив дека тие постојат само во бајките. Тој бакнеж неспоредлив со допир од лист од роза, со благ ветар низ коса сеуште е во моите сеќавања… но тоа се сепак само сеќавања. Како во сон се сеќавам на твојот милозвучен глас, на тие усни од кои излегуваа сите лаги. Со тие усни и со тој глас успеа да ме убедиш дека не си како и останатите… и беше во право ти не беше како останатите, на останатите не им дозволив да влезат во мојата приватност, но пред сè на останатите не им дозволував да ме разочаруваат и повредуваат и пред останатите не ја разголував мојата душа. Ти откако успеа да ме повредиш и откако предизвика солзи во моите очи си замина своите лаги да ги продаваш на некоја друга девојка која можеби како и јас ќе поверува, која можеби и таа ќе се заљуби за на крај да ја повредиш и оставиш со скршено срце и солзи во очите. Додека во овој момент можеби си во нечиј кревет, се смееш, а можеби ѝ раскажуваш како ѝ го скрши срцето на една млада и наивна девојка како мене, јас сум овде сама и утехата ја барам во пишувањето и во сеќавање на моментите кои ЗАЕДНО ги преживеавме. Иако скршена од тага и болка, иако разочарана од тебе и воедно од љубовта продолжувам да бидам онаа која бев пред да те запознаам тебе: храбра, решителна, горда и пред сè девојка која не им верува на мажите. Иако моето срце тагува, иако скршена од болка продолжувам со насмевка на лицето и навидувам изгледам среќна. Но сепак, ти, твоите ветувања и лаги ги заклучувам длабоко во мене, а празнината во моето срце можеби ке ја пополни некој друг… иако се сомневам бидејќи многу тебе ќе бидат казнети поради она што ТИ ми го стори!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “ТИ – единствениот кој успеа да ме повреди“: Mарија Алексовска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!