Истражувањата покажуваат дека дури 90% од девојките ставаат некое кило плус кога се во врска. Обично тоа здебелување се случува после шестиот месец од врската, кога девојките се опуштаат и сигурни се во врската со својот партнер.

Од 1.000 девојки кои биле вклучени во истражувањето, околу 350 тврдат дека вишокот килограми се резултат на фино поминатите ноќи во сопствениот дом или домот на партнерот. 20% од девојките велат дека вербата и сигурноста во врската се главните виновници за тоа што престанале да внимаваат на килограмите, а пак 10% од нив се изјасниле дека озбилната врска им дозволува повеќе да уживаат во калоричните задоволства кои претходно морале да ги избегнуваат.
“Кога не сте во врска или кога сте на почеток од некоја врска, желбата да изгледате убаво е посилна од сè. Но, со тек на времето, како што врската станува посериозна, девојките сè повеќе мислат дека партнерите ќе бидат со нив без оглед на тоа како изгледаат.” – објаснуваат психотерапевтите.
На девојките им се потребни 500 калории помалце во однос на момците, но кога готват заедно, прават подеднаква делба на оброкот. Токму тие калории во текот на денот се виниовници за вишокот килограми.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!