Top

Десетте мои заповеди!

За почеток ќе цитирам една моја омилена личност: „Секогаш кажувај ја вистината, секогаш пукај од страна. Можеби нема да имаш многу пријатели, но никогаш нема да имаш непријатели, бидејќи луѓето секогаш ќе знаат од каде доаѓаш!“.

За што и да се работеше во животов, секогаш си викав „Ако го направам ова, тогаш нема нешто што не можам да направам!“. Јас бев од оние кои не веруваат во себе. Очигледно, во многу моменти бев и единствена. Очајно барав нечиво мислење дури и кога за тоа немаше потреба. Секогаш барав некој да ми каже дека можам, па често, дури и кога тоа се случуваше, сеуште имав свои несигурности.

За пуста среќа околу мене имам прекрасни луѓе, кои можеби доколку не се сменев, немаше да бидат тука. Долго време бев затворена личност, личност која живееше во свој свет и која не се чувствуваше доволно сакано. Сè додека не се прифатив себеси, со целото свое битие и сè што јас претставувам, имперфетно-перфектен човек кој има многу што да понуди, не се чувствував ни доволно среќно. Во мојот личен момент „да се биде, или не“, во делот од приказната кога се отворив без страв и кога искреноста стана и мој најголем успех, си го отворив и патот кон многу нови познанства, многу верни пријатели кои навистина се тука за мене и во добро и во лошо.

Овој пат е многу полесен доколку си ја допуштите привилегијата лесно да бидете прочитани и прифатени за она што вистински сте. Бидете сигурни дека кога не сте сами можете да постигнете многу повеќе. Буквално сè, може да се поднесе полесно и послатко кога имате со кого да го споделите.

Секогаш бидете искрени кон себе и другите, трудете се да се чувствувате најсамоуверено што можете, секогаш сакајте како да е за последен пат, кажувајте сè што ви лежи на душа, простувајте често, уживајте и ценете ги беспрекорно добрите моменти, возете ги своите најдобри кругови, давајте ги своите најдобри танцувачки потези на некој што навистина ги заслужува. Во стилот на Марк Твен, но ветувам, ова доаѓа директно од срце! Насмејте се во секоја можна прилика и помагајте на секого дури и кога тој некој не зависи од вашата помош… бидејќи добрината е сè што ни останува во животот.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Десетте мои заповеди!“: Наташа Петровиќ

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *