Ах, да… И таа беше една од нив. Гледајќи ја насмевката на возрасните и мислејќи дека животот е поинтересен кога си возрасен, таа не знаеше дека зад таа насмевка се кријат многу проблеми кои се непознати за неа. Нејзината најголема желба беше да порасне, незнаејќи што ја очекува. Таа порасна но, многу брзо. Не го ни допре детството, веднаш сакаше да оди кај возрасните. Таа сеуште не ја сфакаше љубовта, а влезе во нејзиниот свет. За неа љубовта преставуваше свет од еден збор и полна вреќа среќа и насмевки. А, што би друго преставувала љубовта за едно дете? Да таа сеуште беше дете но, не ги играше игрите на детството, туку игрите на љубовта. Излегуваше со неколку момчиња, но тоа не беше ништо озбилно. Нешто недостасуваше кај неа. Ах, ја немаше онаа искра во очите што ја имаше на заљубените луѓе. Беше со едно момче кое што и го посветуваше секој свој здив, целата своја љубов ѝ ја даваше нејзе. Но, не и таа. А, зошто? Зошто не може да се вљуби во човекот кој ѝ го дава својот живот на дланка? На некои прашања нема одговор. Го остави. Не можеше повеќе да го лаже, не сакаше повеќе да ја искористува добрината на невина личност.
Всушност таа беше вљубена. Но, толку се плашеше од таа љубов што дури и самата не сакаше да ја признае. Тој беше момче кое немаше дури ни слушнато за зборот љубов, кое оставаше и одеше на следната жртва. Како е можно да се заљубиш во болката, а ја отфрлаш среќата? Го отфрла човекот што и животот би го дал за неа, а го одбира човекот кој не може ни да ја запамети. Но, тој човек, не знам како, се заљуби во неа. Се случи вистинско чудо. Почна да се откажува од некои навики, но од некои не можеше. Сепак таа повеќе го сакаше. Тој би можел без неа, но таа не. Таа се откажува од сè за него, додека тој размислува како да успее во животот. Таа седи по цел ден и мисли на него, додека тој си прави подобра иднина. Не, тоа нејзиното веќе премина во болест. Имаше многу работи што ја болеа, но ги трпеше заради него. Сфати дека љубовта е опасна игра во која губи тој што не ги знае правилата. И така гледајќи ги децата, сфати дека нејзина најголема грешка е губењето на нејзиното детство. Ах, колку само посакуваше да биде една од нив. Најубавото нешто во животот е да се биде дете!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Детство“: Д. Ц.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!