Top
najgolem neprijatel

Човек сам на себеси е најголем непријател

Сигурно и вие, најчесто несвесно си наштетувате себеси, односно на своето ментално здравје. Веројатно се чувствувате добро, но последиците ќе дојдат до израз.

  • Перфекционизам Разбирливо е да имате високи стандарди и очекувања за себе, но претераниот перфекционизам предизвикува низа здравствени проблеми поврзани со менталното здравје. Сфатете дека не може секогаш да бидете перфектни. Секогаш стремете се кон своите цели, но знајте дека и грешките се дел од животот. Најважно од сè е да научите да уживате во она што го правите, без да очекувате совршенство.

  • Затворен простор Оние луѓе кои најголем дел од својот ден го минуваат во затворени простории во голема мера се подложни на нарушување на менталното здравје. Освен тоа, тие многу лесно запаѓаат во депресија и се чувствуваат вознемирено и фрустрирано. Морате да најдете време за прошетка, барем 15 минути дневно. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои шетаат на мирни места, како паркови и планини, се многу посмирени и позадоволни од оние кои престојуваат во затворен простор или пак шетаат во градската бучава.

  • Работа и само работа Секако дека работата е важна и неопходна, но не и најважно нешто во животот. Треба да размислите кои се вашите цели, колку време посветувате на работата, и за сето тоа време што пропуштате во животот. Најдете време и за малите нешта, кои носат голема среќа во животот.

  • Песимизам Животот понекогаш знае да биде тежок, но гледањето на нештата од посветлата, попозитивната страна ќе ви донесе мир и здравје. Насмевнете му се на животот – смеењето е здравје. Секоја тешка ситуација во животот има решение, а за да се пронајде е потребна само малку верба и храброст.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>