Top
Габриел_Гарсија_Маркес_iLike_mk

Габриел Гарсија Маркес: „Не дозволувај да умреш, без да го доживееш чудото – да спиеш со човекот што го сакаш!“

Габриел Гарсија Маркес (шпански: Gabriel García Márquez, 6 март 1928 – 17 април 2014) го сакаме поради тоа што неговите дела се проткаени со митови и мистерии, можат да се читаат повторно и повторно.

Тој многу раскажал на човештвото, раскажал десетици волшебни бајки од својот волшебен свет, во кој луѓето можат да сакаат и да живеат реално. Дури и за време на војни и тешки болести.
Издвојуваме неколку култни цитати на Маркез од неговите книги и интервјуа, кои вредат да бидат запаметени:

Проблемот со бракот е што завршува секоја вечер по водењето љубов, а потоа секое утро по појадокот мора повторно да се изгради.

Не дозволувај да умреш, без да го доживееш чудото – да спиеш со човекот што го сакаш.

Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој и ги заслужува никогаш нема да те расплака.

Не е вистина дека луѓето не ги остваруваат своите соништа затоа што се возрасни, возрасни се, затоа што престанале да ги остваруваат своите соништа.

Секоја работа е жива-потребно е само да ја разбудите нејзината душа.

Ако ја сретнете вистинската љубов, треба да знаете дека таа никаде нема да побегне од вас – ниту за една недела, за еден месец, за една година.

Во животот не е важно тоа што ви се случило, туку она на што се сеќавате, и начинот на кој тоа го паметите.

Ако во нешто е вклучена жена, јас знам дека се ќе биде добро. Мене потполно ми е јасно дека жените управуваат со светот.

На трпезариската маса може да се сака исто толку како и во креветот.

Биди насмеан, не и прави задоволство на неволјата.

Во семејниот живот многу полесно е да избегнеш несреќа отколку глупава ситна кавга.
Одговори му „ДА“. Дури и ако умираш од страв, дури и ако подоцна ќе зажалиш, затоа што ќе се каеш цел живот ако сега му кажеш „НЕ“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>