Зеленчукот и овошјето се добри за нашето здравје, но некои варијанти се подобри од другите. Еден вид може да содржи повеќе витамини, нутриенти или шеќер – од друг вид.
Што е разликата помеѓу белата и црвената зелка?
Црвената зелка содржи повеќе витамин А, железо и флавоноиди од белата.
„Зелката од било кој вид е одличен извор на фитохемикалии за кои се верува дека спречуваат развој на канцери“, вели нутриционистката Фиона Хантер. Таа вели дека и двата зеленчука се одличен извор и на витамин Б, кој е чувар на енергијата. Сепак, црвената зелка има некои неверојатни состојки. На пример, содржи 10 пати повеќе витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите. Исто така, содржи и два пати повеќе железо, а поради својата „црвена“ боја и 36 антиоксиданси кои се докажани заштитници од настанување на рак, како и докажани чувари на меморијата.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!