Top
raskinuvanje

Знаци кои покажуваат дека е време за крај на врската

На многу луѓе им се случува да бидат во врска во која им е убаво, но едноставно имаат чувство дека тоа не е тоа. Постојат знаци кои покажуваат дека тој не е за вас, ниту вие сте за него. Тогаш е најдобро секој да продолжи по свој пат.

Во продолжение се знаците кои покажуваат дека не сте еден за друг.

Не можете да се опуштите покрај него/неа
Постојано чувствувате како да мора да глумите и да се преправате. Не се чувствувате „природно“ кога сте со покрај партнерот и постојано се обидувате да го восхитите. Ако не сте сигурни дали тоа е навистина така, тогаш пробајте да седите во тишина со него. Можете да работите, читате или да правите било што друго додека тој/таа е во собата? Ако одговорот е не, тогаш време е да ставите крај на оваа врска.

Сакате да правите различни работи
Ова не секогаш е знак дека треба да раскинете. Постојат парови со огромни разлики кои на крај успеваат да бидат заедно, но треба да бидете загрижени ако никогаш не сте заинтересирани за истите работи.

Немате исти очекувања во сексот
Сексот е важен дел од секоја врска и е од огромна важност да бидете на иста бранова должина. Без разлика дали сакате вообичаен секс или сакате огромна посветеност и љубов, мора двајцата да се сложувате околу тоа.

Комуникацијата е фрустрирачка и неприродна
Разговорот со личност со која сте во врска треба да биде природна и лесна, смешна и забавна. Ако чувствувате дека честопати се соочувате со непријатна тишина додека смислувате за што да разговарате, особено по првите неколку состаноци, тогаш нешто сигурно не е во ред.

Ви се допаѓа идејата да бидете со некој друг отколку да се дружите со него/неа
Ако идејата за момче/девојка , а не самата личност со која сте во врска е она што ви ја одржува врската, тогаш тоа е знак дека нештата нема долготрајно да функционираат. Секако, нема ништо лошо ако флертувате со друга личност, но тоа не е типична основа за долготрајна врска.

Не се чувствувате пријатно да бидете свои околу него/неа
Не е негова вина, ниту ваша, но тоа е проблем и мора да го решите.

Чувствувате притисок и врската со него е како во кутија
Во превод, вие не сте дел од неговиот/нејзиниот живот нити тој/таа е дел од вашиот. Се гледате во точно определено време, потоа одите дома, гледате телевизија, заборавате дека постои сѐ до следниот пат кога ќе се допишувате или видите. Се нервирате кога се обидува да ги промени плановите или прави нешто спонтано бидејќи навлегува во вашите преостанати „кутии“. Тоа е индикатор дека нешто не е во ред.

Кога ќе помислите на него/неа чувствувате анксиозност
Анксиозноста е само показател дека постои нешто што не му е пријатно на вашиот мозок. Некои од нас чувствуваат поголема анксиозност од другите, но ако чувствувате поголема анксиозност него вообичаено и таа е поврзана со личноста во која сте во врска, тогаш треба да размислете која е причината поради која не ви е пријатно и дали можете тоа да го надминете или не.

Веќе сте во подолга врска и не ги имате запознаено неговите/нејзините пријатели
Ова е веќе знак за тревога. Ако сте веќе подолго време заедно, сосема логично би било да ве запознае со неговите/нејзините пријатели.

Тој/Таа ги нема запознаено вашите родители
Зошто не сакате да го запознаете со вашите пријатели и семејство? Сметате дека нема да го одобрат? Сакате да го држите одвоен од остатокот на вашиот социјален живот?

Иднината со него/неа воопшто не ви звучи примамливо
Ако веќе подолго време сте во врска и не можете да се видите заедно за неколку години, тогаш нема што да правите со тој човек.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>