Top
dolga vrska

Типови на секс во долги врски

Сексот расте и се менува паралелно со вас во текот на вашата врска. Затоа воопшто не изненадува фактот што постојано ве очекува нешто ново зад следниот агол. Следниве типови секс најчесто ги практикуваат токму паровите кои се во долги врски.

Секс каков што сте немале никогаш порано
Постои време кога сè ќе ви биде ново и сè ќе доживувате како најневеројатното нешто кое некогаш сте го искусиле. Но, тоа нема да се случува само првиот пат или првите неколку пати, туку ќе продолжи да се случува подолг временски период. Ќе го истражувате телото на вашиот партнер, сакајќи да ги откриете сите негови/нејзини делови, а истото ќе се случува и со него/неа.

Секс со страст која сте ја заборавиле
Кога сте во долга врска, сексот нема секогаш да ви биде најдобриот кој некогаш сте го имале. Понекогаш тој ќе биде само во ред. На некој начин почнувате да влегувате во една рутина и знаете точно што можете да очекувате од вашиот партнер за време на сексуалниот однос. Но, и после толку време сосема непланирано, вие ќе ја најдете страста повторно. Можеби ќе направите нешто будалесто или ќе го искористите моментот на зближување, па одеднаш без никакво предупредување ќе се впуштите во еден од најдобрите сексуални односи кои некогаш сте ги имале.

Мрзлив секс, кој трае подолго
Понекогаш едноставно нема потреба од брзање. И двајцата знаете дека ќе бидете заедно цела ноќ, а можеби и целиот следен ден па токму затоа и ќе се опуштите, оставајќи ги работите да се движат по природен тек. На тој начин предиграта ќе стане подолга, движењата побавни и емоциите ќе надвладеат. Ова може да трае со часови и мали паузи за јадење, дремки или мрзливи и поспани разговори. Има и денови кога едноставно нема да сакате да станете од вашиот кревет и ќе се обидете најдобро што можете да го искористите времето кое ќе го поминете помеѓу чаршафите заедно.

Брз секс, наутро пред работа
Комплетно облечени и подготвени за работа, истиот момент кога ќе се бакнете пред да излезете од дома, меѓу вас се разгорува силна возбуда и пред да трепнете ќе се најдете во кревет, со вашата облека расфрлана насекаде по подот. Можеби ќе доцните на работа или ќе немате време за појадок, но воопшто нема потреба да се грижите бидејќи тоа тотално вредеше. Исто така, секогаш можете да го обвинувате сообраќајот за доцнењето, па големи се шансите дека нема да западнете во голема неволја на работа.

Секс кога немате потреба, туку само затоа што знаете дека можете
Во долгите врски, многу често се случува да имате секс само затоа што вашиот партнер е покрај вас и затоа што знаете дека нема да ве одбие. Вие немате однос затоа што навистина копнеете по него или затоа што сте немале подолго време. Можеби токму утрото сте имале секс, но кога знаете дека тој/таа ќе биде и цела вечер покрај вас, си велите зошто да не имате пак. Вие сакате да го цените сексот кој го имате во моментов, кој е неверојатно, исклучително, секогаш задоволително и понекогаш хаотично искуство за кое не ви се верува дека сте можеле претходно без него да живеете.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *