Top
tipovi

Типови на мажи кои не смеете да ги пропуштите

Во текот на младоста сите се храбри за различни експериментирања. Постојат толку различни партнери на овој свет, па зошто не би се впуштиле во различни игри пред да се врзете само за еден. Годините тоа ви дозволуваат, а на вас останува да го извлечете она најдоброто. Многу од жените додека се млади се одлучуваат со некого да го поминат остатокот од животот. Но, никогаш не се знае кога ќе наиде совршениот партнер. Доколку сте некоја која тешко може да се смири и сакате да експериментирате, би требало да знаете кои типови на мажи не смеете да ги пропуштите во својот живот.

Излезете со некој кој на прв поглед не ви се допаѓа
Не треба да одите на состанок со тип кој ви оди на нерви, но треба да излезете со некој за кого никогаш не би рекле дека ви се допаѓа. Спротивностите се привлекуваат, а младоста е идеална да проверите дали тоа е вистина или само измислица.

Дајте му шанса на упорен тип
Сигурно и вие во својот живот имате тип кој постојано ве кани да се видите, постојано го одбивате. Може да ви биде здодевно, но може да ви се случи нешто неочекувано. Искористете го моментот и излезете со него, ако ништо друго барем изгледајте добар филм.

Излезете со „лошо момче“
Секоја девојка барем еднаш во животот и треба тоа лошо момче. Сигурно добро ќе се забавувате, а ако ве повреди, барем ќе научите да ги цените добрите момчиња. Секое искуство вреди злато.

Пробајте „забрането овошје“
Не станува збор за некој кој е веќе женет или пак има сериозна врска. Станува збор за некој на кого не треба премногу да му се доближувате. Тоа може да биде асистент на факултет, колега од работа или најдобар пријател на вашиот поранешен. Малку забава нема да ви наштети.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *