Таа иницира секс, а тој не е заинтересиран. Ви звучи познато ова? Можеби сте го почувствувале на сопствена кожа?
Најчесто, после ова жените се чувствуваат мошне лошо и повредено. Нивната самоувереност е сведена на минимум.
Еве зошто и кога мажите не се расположени за секс:
ТОЈ Е ПОД СТРЕС
Кога е сексот во прашање, сè би требало да се остави на страна, но мажите ја немаат таа способност. За жал, тоа значи дека кога мажите ги мачи нешто, тоа ги потиснува сите останати нешта во него, вклучувајќи ја и сексуалната желба.
БОЛЕН Е
Хормонската нерамнотежа и болеста на штитната жлезда го намалуваат либидото и поттикнува депресија. Мажите често паѓаат во депресија кога мислат дека не ги исполнуваат очекувањата, но тоа го кријат бидејќи не сакаат да покажат слабост.
ИЗНЕВЕРУВА
Многу жени не сакаат да го слушнат овој збор, но токму тоа е најчестата причина поради која мажите одбиваат секс. Било да е во прашање физичка или емотивна прељуба, има некоја друга и сексот со партнерката веројатно повеќе не му е потребен. Во вакви ситиации мажите се подготвени да се самозадоволуваат само за да немаат односи со својата партнерка. Совет: доколку се сомневате дека ве изневерува, прашајте го отворено.
ПАРТНЕРКАТА ПОВЕЌЕ НЕ МУ Е ПРИВЛЕЧНА
Во оваа ситуација партнерката би требало да направи некои работи кои обично не ги правела кога е сексот и заведувањето во прашање. Едноставно, експериментирајте!
МАЛ СЕКС НАГОН
Не е никаква новост дека мажот може да има помал интерес за секс од партнерката. Ако имате партнер со слабо либидо, иницирајте почесто секс, дури и ако во почетокот и не е баш заинтересиран. Со малку заведување и наговарање, сè е можно. Можеби и не му е до секс, но ако партнерката парадира пред него во секси долна облека, ќе се предомисли многу брзо.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!