Top
ljubovna

Што сакаат мажите кај една жена?

Кога станува збор за машко – женските односи, тешко е да се каже што точно им се допаѓа кај спротивниот пол. Сепак постојат одредени особини кои се попривлечни од другите, а кои мажите ги преферираат во партнерските односи.

Жена која има свој живот
Мажите ги сакаат жените кои имаат свое хоби. Уживањето кај жената во активностите кои не ја вклучуваат посилната половина, на мажите им е многу привлечна. Искористете го тоа и поминувајте време со своите пријателки, на спортски активности или хоби кои вас ве развеселуваат.

Привлечна и без провокативна облека
Сите мажи се согласуваат во едно: на почеток на врската жената не би треба да покажува пренагласен сексипил и да се облекува премногу секси или провокативно. Мажите сакаат кога жената им остава простор за фантазија, па затоа бидете креативни при избирањето облека, но тоа никако не смее да биде вулгарно.

И ситниците се многу важни
И со мали работи покажете дека ви е грижа. Во никој случај не смеете да ги занемарувате и да ви се неважни. Мажите сакаат да видат како партнерката им покажува колку и значи со мали гестови.

Бидете негова поддршка
Поддршка во секоја смисла на зборот, но посебно во друштво. Мажите ќе ви бидат благодарни ако се смеете на неговите шеги во друштвото и јавно да го пофалите пред пријателите, затоа што на тој начин му помагате во неговиот углед, кој на секој маж му е многу битен.

Борете се за себе
Мажите обожаваат жени кои се залагаат и борат за себе. Без разлика дали се спротиставуваат на шефот или за непочитување во редот на шалтер, жената мора да знае да се бори за себе и да има свој став. Иако тоа понекогаш може да им се врати по глава, мажите го ценат таквиот карактер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>