
1. ПРИКРИВАЊЕ НА НЕЗАДОВОЛСТВОТО
Не смеете да криете од партнерот доколку ве изнервира. Психолозите велат дека секоја конструктивна караница е предуслов за успешна и квалитетна врска. Доколку ги избегнувате отворените разговори и кавги, со тек на време ќе станете огорчени и ладни кон партнерот што ќе резултира со уништување на интимниот живот.
2. ТЕШКИ ЗБОРОВИ
Без оглед на тоа во која мера вашиот партнер успеал да ве изнервира, контролирајте се и внимавајте да не изустите некој навредлив збор кој ќе се однесува на некоја негова маана или пак аномалија. Ова во никој случај не смеете да си го дозволите.
3. НЕ ОБРНУВАТЕ ВНИМАНИЕ НА СЕБЕ
Тоа што сте во долга врска или пак брак повеќе од три години не значи дека со сигурност можете да сметате на партнеровата наклонетост до крајот на животот. Истражувањата велат дека голем е процентот на жени кои после стапувањето во брак престануваат да се грижат за својата физичка линија, фризура, облека,.. Оваа грешка може да ја убие страста со вашиот партнер.
4. ПРЕКУМЕРНА ЉУБОМОРА
Ако по природа сте претерано љубоморни, потрудете се и најдете начин тоа да го сокриете. Доколку постојано го бомбардирате партнерот со прашања “Каде беше до сега?“, “Што работеше?” ќе создадете напната атмосфера. После извесно време, вашиот партнер знаејќи што го очекува нема да сака да се врати дома.
5. НЕПРИВЛЕЧНО ОДНЕСУВАЊЕ
Грицкање нокти, гласно џвакање храна, нередовно миење на рацете или пак непуштање вода во тоалетот се некои од иритирачките навики кои можат да го доведат вашиот партнер до степен на лудило. Колку и да звучи банално, верувајте дека ваквото однесување е смртен непријател на страста.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!