Top

Како изгледа сексуалниот живот на жените

Најновата анкета која ја направил канадскиот портал nowtoronto.com открива дека секслуалниот живот на жените, генерално, се темели на спонтан секс. Всушност, повеќе од половина од испитаничките својот моментален сексуален живот го опишале како спонтан, а околу 20% од нив сексот го имаат по строго одреден распоред.



Жените кои својот моментален сексуален живот го опишуваат како спонтан, се случува да имаат интензивни сексуални односи некои три недели, по кои следи период на апстиненција.
Повеќето испитанички рекле дека честопати им се случува да доцнат на работа само заради секс. На надредените им наведувале лажни причини и приказни за нивното доцнење, додека пак околу 5% имале доволно храброст да му ја соопштат на шефот вистинската причина за нивното доцнење.

Понатаму, 30% од жените биле искрени и кажале дека понекогаш доаѓа до прекин на сексуалниот чин поради неодложен телефонски разговор. Но, тоа не било препрека подоцна да не продолжат со слаткото задоволство.
Во анкетата учествувале 1.000 испитаници од кои 560 биле жени.
Канадските стручњаци констатирале дека и мажите се однесуваат прилично исто по однос на спонтаниот секс.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>