Top
srekna

Секоја среќна жена е верна жена

Жените кои се чувствуваат сакани и се задоволни во врската не размислуваат за неверство. Тие во секој втор маж ги гледаат исклучиво само неговите негативни особини.

Група истражувачи спровеле експеримент во рамките на кој девојките оценувале атрактивни момци врз основа на фотографии. Мажите биле прикажани во различни активности и секој од нив бил поинаков.

На крајот се испоставило дека жените кои се среќни и во врска ги запомниле единствено само лошите страни на сите момци од фотографиите, без оглед на фактот колку тие биле привлечни.

За разлика од нив пак, оние кои не биле задоволни од својот љубовен живот, се фокусирале исклучиво само на позитивните карактеристики на момците и со тоа индиректно признале дека постоечките партнери можеби и би ги замениле со нив.

Затоа потрудете се колку што е можно почесто да ја мамите насмевката на лицето на вашите дами, но и направете тие да се чувствуваат сакано, безбедно и задоволно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>