Top
young attractive couple of man and woman cooking breakfast together in morning at kitchen

Разгорете ја страста преку вашето мени

Во долгите врски желбата за секс знае често да опадне, и тоа не е ништо невообичаено, но проблемот може да се реши и со прав избор на намирници. Можете да организирате романтична вечера, да отворите шише добро вино и да направите моменти кои ќе водат кон секс, но на Вашата врска ќе и помогнат и неколку намирници кои можете да ги вметнете во Вашето мени, а кои ќе ги разбудат Вашите страсти.

ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ
Боровинките се богати со антиоксиданси, со што се зголемува издржливоста, и така ќе ја продолжат и Вашата забава. Зошто не би ги држеле во спалната соба и да се храните еден со друг?

ВОШЕБЕН ДОПИР
Ако сакате од неговиот допир да се наежите јадете ѓумбир, салати, брокула, спанаќ, боровинки, црвено вино, јаткасти прозводи, семки од тиква и чили. Сите овие намирнии ќе ја поттикнат циркулацијата и така ќе бидете почувствителни на допир. Чилито пак ќе ги стимулира нервните завршетоци.

БАНАНИТЕ СЕ АФРОДИЗИЈАК
Тие се полни со калиум и Б витамини, кои помагаат во производството на полови хормони. Забавно е и да си играте со нивниот облик како би го расположиле партнерот.

ЧОКОЛАДО
Чоколадото е богато со какао и содржи фенилетиламин, хемиски состав кој нашиот организам го произведува кога ќе се заљубиме. Неговата репутација на моќен афродизијак е од времето на Ацтеките. Чоколадото во нашиот организам го поттикнува создавањето на хормони за добро расположение и делува како природен антидепресив. Со чувството на задоволство и добро расположение, како и феноменалниот вкус кој после чоколадото останува во усните, слаткиот грев Ви е на дофат од рацете!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>