Денешните момци сѐ потешко се одлучуваат за брак и не сакаат притисок од околината кога станува збор за тоа прашање. Тие повеќе сакаат забава и сакаат да ја избегнат одговорноста и обврската што ги носи бракот. Постојат неколку причини зошто мажите не сакаат брак помеѓу својата 25-та и 35-та година од животот.
-
Нивните пријатели сѐ уште не се во брак, тоа е и доволна причина за и тие да не брзаат.
-
Може да имаат секс и без да бидат во брак, а тоа денес е целосно прифатливо, што не било практика кај претходните генерации.
-
Ако живее со својата девојка, заедно можат да уживаат во сите благодети на заедничкиот живот, исто како да се во брак. Заедничкиот живот го доживуваат како пробен брак.
-
Сакаат да избегнат финансиски ризик кој може да ги погоди во случај на развод.
-
За разлика од жената, копнеат да не мора да се грижат за биолошкиот статус, често кажуваат дека чекаат додека не бидат доволно созреани и подготвени за деца. Она што навистина не сакаат е притисок од жената, на која главна цел и е да има деца.
-
Нивните најголеми стравови се дека бракот ќе им донесе премногу промени, компромиси и одговорности. Во спротивно, тие би се забавувале играјќи покер цела ноќ со другарите.
-
Мажите се романтични, веруваат во сродна душа и се подготвени да чекаат. Мажите, сродната душа ја дефинираат како жена која ќе ги прифати такви какви што се и никогаш нема да се потруди да ги промени.
-
Мажите денес се ослободени од притисокот на пријателите и семејството во врска со стапувањето во брак, па затоа не сакаат да се откажат од својата слобода?
-
Пред да запловат во брачните води, сакаат да бидат финансиски обезбедени. Добра работа и решено станбено прашање се важни фактори за формирање брачна заедница.
-
Едноставно сакаат да уживаат во својот живот што е можно подолго, навикнати се да имаат простор само за себе, да имаат своја рутина и задоволни се, затоа што не се принудени да се грижат за никој друг освен за себе.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!