Top
maz sms

Пораки кои секој маж сака да ги добие од девојка

Секој маж сака внимание од својата девојка, иако тоа најчесто не го покажува. Секој од нив би посакал да добие некоја од следниве пораки.

„Сè уште сум во новиот бар кој само што се отвори. Музиката е неверојатна. Зошто не си тука?“
Тој ќе види дека живеете супер живот и нема да посака да пропушти ниту еден момент од забавата покрај вас. Доколку тој веднаш ви одговори, нема сомнеж дека му се допаѓате.

„Добро е што си му само пријател на брат ми. Во спротивно јас и ти би биле голема неволја.“
На овој начин, во неговите очи ја нагласувате идејата дека како пар би биле лоша идеја (на сите добри начини) и токму затоа ќе ја разбудите неговата желба за вас. Подоцна заблагодарете ни за огромната сексуална тензија која ќе ја доживувате за време на забавите.

„Само што го гледав „Одмаздници“ и Крис Еванс е навистина згоден, но повеќе би сакала да те гледам тебе како ја соблекуваш кошулата цел час.“
Одличен начин да му дадете до знаење дека имате „валкани“ мисли за него. Исто така тој ќе се почувствува посебно поради идејата дека вие повеќе би сакале да го гледате него гол, отколку една од најпознатите ѕвезди.

„Јас. Ти. Вечерва. Филм по твој избор. Пица. Биди тука.“
Никогаш не го прашувајте дали тој сака да дојде. Жената со висока самодоверба едноставно претпоставува дека тој го сака тоа. Најлесниот начин да направите вашите пораки да изгледаат посекси е доколку на крајот никогаш не ставате прашалник.

„Расположена сум за секс, знаеш каде да ме најдеш.“
Зарем има подобар начин да му дадете до знаење што сакате од тоа да го кажете тоа директно? И зарем има маж кој не би посакал да добие една ваква порака? Откако ќе ја испратите, очекувајте тој за само неколку минути да се „нацрта“ пред вашата врата, носејќи шише вино и чоколади.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>