Top
ljubov

Како да ја откриете љубовта на својот живот?

Многу луѓе веруваат дека нивната сродна душа е само една личност на оваа планета, која во секој поглед е совршена за нив и на која со сигурност, во одреден момент од животот, ќе налетаат. Но, тоа воопшто не е вистина. За да ја откриете љубовта на вашиот живот мора да бидете отворени, искрени и подготвени да се предадете себе на некој друг, мора да бидете храбри за да бидете ранливи пред личност која ќе ве познава во секое светло. За да го постигнете тоа, следете ги овие 3 чекори.

Чекор 1
Најголемата тајна за привлекување на совршенот љубовник или сродна душа е целосно да се прифатите самите себеси. Доколку се сакате себеси, со сите свои маани, слабости и несигурности, без сомнение ќе се претворите во магнет за љубов. Во спротивно, како би можеле да очекувате да ве сака некој друг, ако ни вие не се сакате себеси? Кога се чувствувате убаво во вашата кожа, многу полесно ќе ја отворите вратата кон интимноста со друга личност. Не е важно дали ќе станува збор за романтична љубовна врска или за бил кој друг вид поврзување.

Чекор 2
Следната тајна е да одржувате контакт со очи. Кога сте доволно храбри да ја спуштите вашата заштита и да си дозволите да останете во подолг контакт со очи со друга личност, овозможувајќи им да ја погледнат вашата душа преку нив, значи дека вие сте си дозволиле повторно да бидете отворени и ранливи. Потребно е да најдете начин како да го соблечете вашиот оклоп и да соберете храброст да ѝ верувате на новата личност во вашиот живот дека ќе се грижи за вас. Долгото и длабоко набљудување на „душата“ на друго човечко суштество е едно од најмоќните и најхрабрите дела кои еден човек може да ги направи за себе.

Чекор 3
Уште еден начин на кој можете да ги подобрите вашите „љубовни вибрации“ е да стапите во контакт со вашиот внатрешен духовен борец. Некаде длабоко во вас постои нескротлив и незаситен слободен дух кој само вие можете да го откриете. Доколку сакате да го најдете овој ваш дел, почнете постепено да истражувате во себе. Кога ќе се отворите и ќе го поделите она што не може да биде поделено со некој, тогаш сите ваши стари штитови од минатото ќе паднат и вие ќе се покажете себеси во вистинското светло.

Доколку сакате да живеете добар живот, мора да научите како слободно да љубите и целосно да го напуштите вашиот страв. Замислете како би било да се сака некој доколку тој никогаш не би можел да повреди. Токму тоа е вистинска љубов која може да привлече многу сродни души за време на вашето патување низ животот. На почетокот може да биде тешко да ги промените сите ваши однесувања, заштити, криења и избегнувања со цел да постигнете повисоко ниво интимност со друга личност, но доколку сте искрени со себе и постојано сте насочени кон она што се случува во вас, тогаш нема да ви биде потребно многу време да го постигнете тоа. Не плашете се да преземате одговорност за тоа што го наоѓате во себе и дозволете си повеќе време за анализа на сите оние ѕидови кои сте си ги изградиле со страв. Кога ќе воочите од каде доаѓа изворот на вашиот страв, тогаш истиот ќе можете и да го надминете. Работите стануваат многу едноставни кога ќе сфатите што е тоа што ве спречува да живеете во целост и да љубите со целото ваше срце.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>