Врските многу често може да бидат изобилуваат со незгодни ситуации, бидејќи мажите и жените не знаат како да ги прочитаат сигналите кои си ги праќаат едни со други. За подобрување на оваа ситуација, Роберт Мани, автор на книгата “The guys guys guide to love” на жените им открива мали машки тајни кои ќе им помогнат да разберат како функционира умот на мажите.
Недостаток на сигурност
Најголем дел од момците признаваат дека во нив се крие мала несигурност кога пристапуваат до жена која што им се допаѓа, дури и кога тие изгледаат како да се целосно сигурни во себе.
Повремено сакаат да ја заменат улогата на „ловец и плен“
Мажите сакаат да играат „ловец“, но исто така сакаат да бидат и „плен”, бидејќи тие многу често не знаат како правилно да ги прочитаат женските сигнали. Токму затоа ќе ви бидат благодарни ако јасно им дадете до знаеење дека ви се допаѓаат.
Не се сеќаваат на деталите
Додека жените во својата меморија ги чуваат сите мали нешта што ги дознале за нив, мажите во својот „филтер” не паметат многу работи кои ги споделувате со нив. Но, тоа вообичаено го надоместуваат. Кога ќе им кажете за некои од вашите проблеми, тие веднаш ќе се обидат да ви помогнат да ги решите и потоа да заборавите дека воопшто сте ги имале.
Сакаат кога ја цените нивната смисла за хумор
Мажите сакаат кога ќе им покажете дека ја сакате нивната смисла за хумор, затоа без проблем гласно смејте се на нивните шеги, секако ако навистина се смешни.
Патот до нивните срца навистина оди преку стомакот
Тие сакаат да јадат, не го кријат тоа и затоа оваа информација нека ви биде од корист. Ако не ви се допаѓа да готвите, одете со него на места каде што има вусна храна.
Сакаат девојки кои можат да ги одведат кај своите мајки
Дури и ако тоа не го покажат тоа веднаш или сакаат да почекаат за запознавање, мажите секогаш сакаат девојки кои можат да ги покажат на своето семејството и пријателите.
Добриот маж не сака да се промените поради него
Бидете најдобра своја верзија, чувствувајте се удобно и тој ќе биде среќен со вас. Не им дозволувајте на несигурните мажи да ве менуваат поради нивните комплекси. Ако не ве сака каква што сте, тогаш заслужувате подобар.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!