Top
Ljubomora

Не дозволувајте љубомората да ја уништи врската

Љубомората е многу тешка емоција за контрола. Колку и да сте ветиле дека нема да се однесувате како љубоморно дете, сепак се случило да ве „јаде“. Од сите емоции што луѓето ги покажуваат, љубомората е за жал една од најчестите и онаа што создава најмногу проблеми во љубовните врски. Проблемот е што повеќето луѓе не знаат како да ги контролираат своите емоции и како да се справат со љубомората.

Многу често, љубомората може да ве натера да кажете или да направите нешто за што подоцна ќе зажалите. Заблуда е и да се мисли дека љубомората е знак на љубов. Никогаш не може да биде позитивна работа и, згора на тоа, честопати доведува до раскинување. Па, како да спречите љубомората да не ја уништи вашата љубов?

Признајте си себеси дека сте љубоморни
Ова е најтешкиот дел, бидејќи никој не сака да си го признае тоа на себеси, а камоли на другите. Чувството на љубомора не ве прави лоша личност, тоа едноставно ве прават човечко суштество. Не треба да се чувствувате лошо што подлегнавте на ова чувство, но треба да си дадете храброст да се соочите со тоа. Точно, признавањето дека сте љубоморни ќе му наштети на вашето его, но дали егото е поважно од чувствата на вашата сакана личност?

Научете да броите до десет
Ако знаете дека сте многу љубоморни, овој чекор е многу важен за вас. Тоа е техника за медитација што се покажала како многу ефикасна во многу стресни ситуации. Во суштина само треба да земете длабок здив и да изброите до десет додека издишувате. Овој метод ќе ви овозможи да размислите пред да го направите следниот чекор.

Разговарајте искрено со вашиот партнер
Секоја врска е различна и секој од нас со себе носи свое уникатно искуство од минатото. Можеби вашата љубомора е последица на однесувањето на вашиот поранешен партнер. Ако однесувањето на сегашниот партнер на било кој начин ве потсетува на некои ситуации од минатото кои ве повредиле многу, кажете му го тоа на партнерот отворено. Можеби не е ни свесен дека неговото однесување предизвикува вашата љубомора да расте.

Ослободете се од чувството на несигурност
Кога не се чувствувате задоволни во вашата кожа, тоа се рефлектира врз вашата несигурност и неизбежно води до љубоморни сцени. Луѓето кои немаат високо мислење за себе, имаат тенденција да гледаат измама насекаде, дури и кога таа навистина не постои. Исто така, несигурноста може да доведе до поголемо чувство на посесивност што ве прави да се чувствувате отфрлени ако вашиот партнер не е со вас 24/7.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *