Top
ljubov

На што не можат да одолеат мажите?

Секој човек има свое мислење и ставови за животот, па и за љубовта. Многу жени на прв поглед воопшто не се привлечни, но имаат нешто во себе на што мажите не можат да одолеат.

Независност
Во прашање не е финансиската независнот, туку жена која знае што сака во животот. Жената која знае да одржи некаков баланс помеѓу своите дневни обврски, желби и потреби е жена на која мажот не може да одолее.

Опуштеност
Луѓето избегнуваат да бидат изложени на стрес и притисоци. Комуницирањето на половина час и контролирање каде е и со кого е, мажот не може да поднесе. Тие сакаат девојки кои знаат да се опуштат и не го присилуваат партнерот на нешто што не сака.

Пријателски однос
Секој од нас, па и мажите, мечтае да најде некој со кој може да разговара на секоја тема, да ги сподели своите најголеми подеми, но и падови, да добие неизмерна поддршка. Ваква жена секој маж би посакал покрај себе.

Мудрост
Мажите сакаат жени кои секогаш знаат што сакаат и не се плашат да го кажат тоа што мислат, а и знаат како да реагираат во одредени непријатни ситуации, без да „драмат“.

Културни
Како и жените, така и мажите не сакаат невоспитани и некултурни луѓе. Ваквите жени се одбивни за мажите. Културната, учтива жена, која секогаш знае да се однесува како вистинска дама е магнет за секој маж.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>