Јаболко и цимет.
Добро познат мирис.
Мирис кој се шири
во собата на крајот од ходникот.
Две вреќички чај од јаболко и цимет,
потопени во врела вода.
Врела како нашата крв.
Со секоја наредна голтка
посакуваш уште една.
Како што со секој бакнеж
посакуваш уште еден.
Пиејки ја последната голтка
ми посакуваш добра ноќ.
Во оваа студена ноќ
чијшто студ нема пристап во нашата соба.
И заспиваме со овој мирис.
Мириса на спокој, на љубов, на задоволство.
Мириса на тебе.
И знам дека не ми треба
ништо друго освен твојата прегратка
за да бидам среќна и да не ми студи.
Знам дека повторно ќе се разбудиме
со истиот мирис.
Јаболко и цимет.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Мириса на љубов” : Драгана Стојановска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!