Top
mazi zeni

Мажите на 20, 30 и 40 годишна возраст имаат различни барања од жените

Кога на мажите им се поставува прашање што ги привлекува кај жените, одговорот е различен, зависно од нивната возраст.

20 годишни мажи
Мажите на оваа возраст бараат секс и надворешен изглед. Колку повеќе жени имаат во својата колекција освоени трофеи толку подобро. Се разбира, тие треба да се убави за да можат да бидат претставени во неговото машко друштво односно уште неколку поени плус за неговото его и самодоверба. Овие мажи не се стремат кон сериозни врски и сметаат дека им е рано за создавање семејство.

30 годишни мажи
На оваа возраст мажите почнуваат да размислуваат за семејство и ја согледуваат неопходноста од дом и дека е време да создадат пород. Тие ги перцепираат жените на малку поинаков начин. После периодот на сексуални експерименти тие бараат жена соодветна за сопруга и мајка. Овие мажи знаат дека нема да го поминат целиот живот во кревет. За да го освоите треба да му понудите многу повеќе од добар физички изглед!

40 годишни мажи
Ако на 40 годишна возраст тој е неженет, или е премногу приврзан кон мајка му или премногу време посветил на кариерата. Тој има добра кариера, но се чувствува ужасно осамен бидејќи нема со кого да го сподели својот успех.
На овие мажи им треба жена што може да се грижи за нив и со која ќе се чувствуваат добро. Кога се запознаваат со жена 40 годишните мажи обрнуваат внимание на изгледот, но ако забележат дека нема место за сериозна и стабилна врска брзо губат интерес. Тие сакаат да бидат со жени кои се смеат на нивните шеги и ги споделуваат нивните интереси, кои ќе се грижат за нив и кои исто така имаат потреба од внимание. Веќе не станува збор да се најде само љубовница или сопруга, туку и пријател. Во спротивно за него ќе бидете краткотрајна авантура односно задоволување на неговите сексуални потреби.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *