Top

Што значат сексуалните фантазии на мажите?

Мажите се многу креативни кога станува збор за сексуалните фантазии. Во продолжение прочитајте кои се најчестите сексуални фантазии на мажите и објаснувањата за нивното значење.

Секс пред публика
Ако вашиот партнер сонува за секс на јавно место, веројатно е зависник од адреналин и љубител на возбуда. Без разлика дали тој е горд на своето тело или едноставно сака да биде виден „во акција“, шепотете му нешто „безобразно“ додека се наоѓате на некое јавно место. Без оглед на тоа што нема да ги оствари своите сексуални желби на самото место, верувајте дека ќе си поминете убаво кога ќе стигнете дома.

Врзување
Ако мажот сака да ја врзува својата партнерка, тогаш копнее за контрола. Ако ве врзе со лисици, тоа значи дека сака да ве предизвика и истовремено да ве задоволува.

„Тројка“ (со две жени)
Многу од мажите сакаат да пробаат „тројка“ со две партнерки. Едноставно ги предизвикува самиот факт дека две жени се наоѓаат во неговиот кревет. Но, тоа на дамите не им се допаѓа многу, па затоа решението е заедничко гледање порно филмови со тројки.

Професорка и ученик
Оваа фантазија го враќа назад во тинејџерските денови кога сексот сеуште бил табу тема. Тоа на жените им дава сосема моќна улога, кога мажите многу ги возбудува.

Секс со „странец“
Мажите понекогаш копнеат за страст без одговорност. Затоа, понекогаш „случајно“ сретнете се во некое кафуле, разговарајте како прв пат да се гледате и завршете во кревет со тој „странец“.

Дијалози од порно филмови
Ако вашиот партнер за време на сексуалниот чин одеднаш почне да кажува „безобразни“ зборови, не го прекинувајте. Се обидува да ви стави до знаење што сака и што не сака во креветот. Потоа разговарајте отворено за своите и неговите преференции. Слениот пат ќе уживате многу повеќе.

Секс со позната личност
Не е никаква тајна дека мажите фантазираат за секс со некоја атрактивна, позната личност. Тоа е нормално и доволно да ги возбуди уште повеќе. Бидете искрени, и вие жените сте посакале секс со некој згоден, познат маж.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>