Машкиот шарм е нешто што тешко се опишува со зборови, а во чиј скриен сексипил придонесуваат ситници кои мажите ги прават посебни и едноставно неодоливи. Според жените, тоа се нештата кои следуваат во продолжение.
Има стомак
Дури 2/3 од жените кои биле испитани во една анкета се изјасниле дека не ги сакаат премногу дефинираните стомачни мускули. Тие велат дека поубава глетка за нив е природен стомак што говори дека станува збор за нормален фраер кој не е опседнат со својот изглед, со кревање тегови или внесување протеини. Се чини дека умереноста секогаш пали.
Доцни со бричење
Малку подрасната брада е вистински мамец за припадничките на понежниот пол. Ваквата брада дава лежерен изглед кој во голема мера е сексипилен.
Знаци на стареење
Спроведена анкета потврдува дека жените проседата коса ја сметаат за исклучително секси. Многу од мажите денес посегнуваат по фарба за коса како би ги прикриле првите знаци на стареење, но жените сметаат дека токму тие знаци ги привлекуваат жените. За жените неодоливо изгледа и кратката машка фризура.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!