Top
nesrekna-vrska

Најчести причини за несреќна врска

Секој од нас познава парови кои се во врска, а сепак не се среќни. Таквите парови се расправаат, се озборуваат еден со друг „зад грб“ и ги мразат луѓето кои се среќно заљубени. Во поголем број случаи на такви врски, парнерите се изневеруваат или постојано зборуваат како би го направиле тоа. Но, постојат неколку причини поради кои овие парови не се разделуваат не тргнат по свој пат.

Осаменост
Подобро е да бидете сами, отколку во неквалитетна врска во која се чувствувате осамени. Самотијата е состојба на умот. Само затоа што сте сами, не значи дека ќе бидете осамени. Останувањето во врска можеби ќе ве заштити од самотија, но не и од осаменост.

Страв
Стравот од самотија е страв од животот. Вие не сте родени заедно и тоа значи дека без проблем може да живеете и преживеете еден без друг. Природно е да бидете сами и да поминете одреден дел од животот како самец. Само затоа што немате некој покрај себе кој можете да го наречете свој, не значи дека не вредите. Луѓето се плашат да бидат сами, бидејќи на тоа не се навикнати и се плашат дека нема да најдат никој друг.

Вина
Партнерите кои останале во лоша врска само поради чувство на вина и сожалување кон партнерот, всушност го уништуваат партнерот. Сожалувањето боли многу повеќе отколку раскинување.

Време
Најчест изговор на партнерите во лошите врски е времето кое ѝ го дале на врската и кое не може да се врати. Она што секоја врска и партнер добиваат е време, а тоа никогаш не е залудно потрошено. Секоја недела, месец или година поминати во лоша врска се само уште едно искуство.

Надеж
Постојат нешта кои стануваат подобри со текот на времето, но ако подолго време врската е лоша и залудни биле обидите да ја спасите, прекинете ја. Колку и да е тешко, некогаш раскинувањето е најдобар избор. Времето на тагување ќе трае некое време, но и исчезне.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>