Top
Sreken-brak

Која е тајната за среќен брак

Многу луѓе дозволуваат нивниот брак едноставно да стане жртва на нивните секојдневни обврски. Заради големата гужва и оптеретувања со кои сме опкружени, многу е лесно да се заборави фактот партнерот го баравме меѓу многу луѓе, го освоивме, изградивме врска и основавме семејство. Се чини лесно да се заборави колку е важна таа личност за нас и зошто стапивме во брак. Сепак, дури и ако сте дозволиле романсата меѓу вас да го достигне најниското ниво и ако не се сеќавате кога последен пат сте биле со вашата сакана на вечера или сте разговарале за нешто што не е домашна обврска, постојат начини за брзо и лесно да ја поправите ситуацијата. Тајната на долг и среќен брак е во секојдневните напори да ја одржувате вашата врска силна и стабилна.

• Најдете и започнете заедничко хоби - Додека се релаксирате или физички сте активни бидете заедно, спортувајте или гледајте маратонски серии заедно.
• Редовно практикувајте домашни закуски - Вечера само за вас со чаша вино барем еднаш во неделата.
• Разговарајте - Раскажувајте си како сте го поминале работниот ден. Зборувајте за своите чувства и емоции, постојано споделувајте идеи и заедно наоѓајте решенија за сите проблеми.
Не заборавајте ја интимноста - Гушкајте се, бакнувајте се како на почетокот на врската.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>