Top
Koga-ima-druga-iLike-mk

Кога бившиот партнер има нова девојка

Кога не поминало ниту еден месец од раскинувањето на вашата врска, а вашето бившо момче веќе има нова девојка, сигурно сте бесни, лути и разочарани. Но, никако не смеете да дозволите да ве обземат негативни емоции. Експертите велат дека има неколку решенија кои ќе ви помогнат да ја пребродите оваа ситуација.

  • Избегнувајте ги местата на кои постои веројатност да ги видите
    Можеби имате потреба да го видите поранешниот за да проверите дали гледа во некоја друга жена, како што гледал некогаш во вас. Немојте да го правите тоа, бидејќи само ќе ја зголемите љубомората. Немојте да го следите ниту на социјалните мрежи, бидејќи ќе станете параноични и ќе ви се чини дека секој негов статус е посветен за неговата нова девојка.

  • Не се спoредувајте со новата девојка
    Дури и во случај кога вие сте го оставиле него, суетата функционира, а вие сакате да востановите дека е поубава од вас. Многу жени во овие проценки ги вклучуваат и пријателките, очекувајќи реакции како „Не е убава“, „Ти за неа си премија“, „Можел и подобра да си најде“. Не правете го тоа, бидејќи тука не се работи за натпревар. Колку помалку знаете за неа, толку подобро.

  • Потсетете се на неговите маани
    Не е важно кој ја раскинал врската, но вашиот поранешен сигурно не е совршен. Наместо за неговите добри страни, размислувајте на мааните. На тој начин ќе ви биде многу полесно. И немојте да заборавите која е причината за раскинувањето – очигледно нешто не функцинирало, инаку би траело.

  • Фокусирајте се на својот живот
    Правете работи што ве опуштаат и ве прават среќни. Започнете да одите во теретана, дружете се со пријателите, читајте, гледајте филмови ќе ви помогне да допрете до себе. Единствено што треба да го избегнете е потрага по нов дечко, само за да му се одмаздите на поранешниот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>