Top
ljubov

Какви се хороскопските знаци на почеток на врска?

Ако сте на почеток на врска, еве што може да очекувате од својот партнер според неговиот хороскопски знак.

Овен
Уште на првиот состанок остава силен впечаток. Тоа им е нормално затоа што нивниот животен стил е да се наметнуваат на околината. Бараат страствена врска во која ќе бидат доминанти, но кога ќе се заљубат се многу искрени и спонтани.

Бик
Тие се големи материјалисти кои и на емотивните односи често гледаат низ корист. Пред потенцијалниот партнер секогаш сакаат да остават добар впечаток, па своите големи побарувања и сензибилен карактер вешто го сокриваат на почетокот. Ретко се случува превземат иницијатива.

Близнаци
Ќе ве забавуваат како ниеден друг знак. Кај спротивниот пол најважно им е, барем на почетокот, надворешниот изглед. Своите емоции ги држат под контрола од причини познати само за нив, но на нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее.

Рак
Тие се големи романтичари кои често и одеднаш знаат да го променат своето расположение. Од партнерот очекуваат бескрајно внимание, а на своите чувства се препуштаат дури кога ќе се уверат дека другата страна е навистина искрена.

Лав
Можат да поднесат неверојатен број на комплименти и пофалби на своја сметка. Секој нова шанска ќе ја доживејат како можност да се докажуваат, многу се страствени, но понекоташ нивната љубомора е претерана.

Девица
Многу се внимателни и директни, а од партнерот бараат сигурност и точност. Премногу романтика и изразување на љубов нив им изгледа смешно, па затоа и немојто залудно да се трудите.

Вага
Заводници со стил кои кај спротивниот пол имаат голем успех. Внимателно ќе го процени шармот, надворешниот изглед и вкуост која личноста што им се допаѓа го има, затоа што многу им е важно со нивната совршена надворешност да одоговра и таков партнер.

Скорпија
Обожаваат игри со заведување, сексот им е многу важен, а чувствата внимателно ги сокриваат. Кога некој ќе ги повреди никогаш не забораваат на освета.

Стрелец
Храбри и имаат голема енергија и самодоверба. Спремни се на секој ризик. Авантурата со стрелец секогаш ќе биде интресна, динамична и бурна.

Јарец
Уште на почетокот даваат дознаење дека во нивните емотивни односи мора да има ред. Нивната врска се одвива според протокол и без излив на емоции.

Водoлија
Обожаваат да го привелкуваат вниманието, а игрите со заведување со нив донесуваат возбудување и неизвесност. Нивното однесување понекогаш е екцентирчно и провакативно, но со нив никогаш нема да ви биде досадно.

Риби
Многу се емотивни и се заљубуваат по природа и лесно е да го привлечете нивното внимание. Со нив треба треба да постапувате многу внимателно затоа што многу лесно може да ги повредите. Нивната наголема фантазија е нивната љубовна приказна да ја претворат во бајка со среќен крај.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>