Top

Каков секс сакаме?

Резултатите од истражувањата велат: не сме задоволни од времетраењето на сексуалниот чин, а речиси и не постои веројатност за истовремено доживување на оргазам на мажот и жената. Анкетата ја направи компанијата “Durex”, а во истата партиципирале 1000 женети и неженети мажи и жени.



Според некои кусо, според други не
Дури 50% од испитаниците не се задоволни од времетраењето на акцијата во кревет. Околу 20% би сакале сексуалниот чин да трае најмалку 30 минути, додека пак, 25% од нив се изјасниле дека сексот набрзина според нив е идеален.

Оргазам
Симултаниот оргазам има големо значење. Но, двојките велат дека истовремено доживување на оргазам е само мит.

Локацијата допринесува за страст
Необичната локација дополнително го зачинува сексот. Меѓу омилените места за секс се споменуваат: автомобил, базен и плажа. Приближно 31% од испитаниците сакаат секс под туш, а 23% на кревет. Жените се изјасниле дека идеално место за водење љубов е Ајфеловата кула, додека пак, мажите сонуваат да им се случи секс во Белата куќа.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *