Ако сте запознале шармантно момче со кое сте започнале врска, а животното искуство ве научило да бидете внимателни, лесно можете да препознаете дека е вистински заљубен во вас. Освен тоа ќе дознаете дали неговите чувства се вистински или само глуми, дали ве посакува исто колку и вие него.
Ви се јавува без причина
Јавувањето на средината на работниот ден без причина, а со изговор „Сакав да ти го слушнам гласот“ го прави само заљубено момче. Таквиот чин вели дека цело време мисли на вас и дека вие сте центар на неговиот живот.
Ве запознава со своите најблиски
Кога тој со нетпрение сака да ве запознае со своите најблиски пријатели и семејство, станува збор за вистинска заљубеност. Мажите сакаат да имаат свој свет во кој можат да бидат опуштени и спонтани. Кога ќе одлучи да ве внесе во тој свој свет, можете да бидете сигурни дека неговите намери се сериозни.
Памти симпатични нешта кои сте ги кажале
„Се сеќаваш кога ми кажа…“ или „Беше преслатка кога го направи оној израз на лицето…“ се реченици кои откриваат многу за неговите чувства. Тоа покажува дека ве следи кога зборувате, сака да разговара со вас и ужива во вашето присуство.
Нон-стоп ве гледа
Кога ве гледа со симпатична насмевка на своето лице, бидете сигурни дека покрај себе имате партнер кој ве сака. Тој ужива во вашата појава и кога ве гледа мисли само на убави нешта и спомени.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!