Top
Kako_da_mu_raskinesh_iLike_mk

Како најлесно да му раскинеш?

Вашата врска веќе подолго време не функционира, а со наближувањето на празниците станува се понеподнослива. Како да му раскинете пред да мора да глумите пред роднините дека сте „среќно“ заљубени?

Кога е крај нека е крај
Бидете јасни дека не сакате да бидете повеќе заедно. Не залажувајте го дека можеби некогаш нешто ќе се промени. Со тоа само ќе направите поголема грешка, ќе се најдете пак заедно, а воедно и повторно на почеток на вашиот проблем.

Не треба партнерот последен да дознае
Секако дека прво ќе зборувате со пријателките за да бидете сигурни во вашата одлука, но обидете се тој случајно да не дознае од некој ваш заеднички познаник. Ограничете го бројот на луѓе со кои ќе разговарате за вашата врска и каде води таа.

Не правете го тоа прeку телефон
Па едноставно мора да соберете храброст и да му кажете во лице. Никако не раскинувајте му преку порака, електронска пошта или нешто слично.

Не претерувајте
Ако веќе раскинувате бидејќи сте лути за нешто, не префрлајте ја целата вина на вашиот партнер. Можеби треба да размислите дали вие сте биле искрени и сте споделиле со пратнерот кои работи ви пречат во вашата врска.

Не лажете за причината поради која раскинувате
Сигурно не е убаво да му кажете во лице на партнерот дека е досаден, дека мириса чудно или нешто слично, но секако дека не е прифатливо да измислите причина за раскинување. Ако сакате да бидете фер, искрено кажете му ја вистината.

Не филозофирајте премногу
Кратко и јасно, кажете му една до две причини, бидете искрени и завршете со тоа. Ниту едно раскинување не треба да трае подолго од половина час.

Не правете драма
Момче со повредена гордост, може и да не внимава на зборовите откако ќе му раскинете. Не повлекувајте се себе си во таква драма, смирено следете ја ситуацијата и молчете додека не се смири.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>