Top

9 добри страни на раскинувањето

После раскинување на врска, кога срцето ни е скршено, продолжувањето понатаму ни се чини многу тешко. Меѓутоа, токму тоа време треба најмногу да се забавуваме, а за тоа може да постојат многу мотиви и причини. Во продолжение прочитајте кои се деветте добри страни на раскинувањето на вашата врска.

1. Сите ве охрабруваат – Сите кои добро ве познаваат ќе ве потсетат колку сте убави, паметни, забавни и добри. Се разбира, вие сте свесни за своите квалитети, но во моменти кога тагувате убаво е некој да ве потсети.

2. Пријателите се тука за вас – Пријателите ќе инсистираат да излегувате со нив и да не останувате сами дома. Тие ќе се трудат да ве расположат и додека сте со нив за момент ќе заборавите колку сте тажни.

3. Можете да си купите сè што сакате – Заслужувате нови чизми или нови шминки. Купете си нешто што ви е потребно или нешто што одамна сте го посакувале.

4. Можете да јадете сè што сакате – Голем број од луѓето, по раскинувањето губат апетит и губат по некој килограм. Но, повеќето жени токму тогаш јадат повеќе од вообичаено, а посебно уживаат во чоколади, торти и колачи.

5. Имате можност да запознаете некој нов – Вашите пријатели сигурно ќе ве запознаат со свои пријатели кои исто така не се во врска. Кој знае, можеби од сето тоа ќе излезе убава врска.

6. Родителите се грижат за вас – Родителите секогаш ќе бидат покрај вас. Вашата мајка ќе ви ги готви омилените јадења, а вашиот татко ќе ви дава совети.

7. Можете да бидете со некого само една вечер – Ова можете да го повторите и неколку пати, а сепак никој да не ве смета за промискуитетни.

8. Можете да имате сосема нов живот – Можете да се преселите на место за кое сте сонувале или да се придружите на волонтерска огранизација. Срцето веќе не ви е врзано за едно место.

9. Повторно да се заљубите – Нема сомнение дека повторно ќе се заљубите и ќе почувствувате пеперутки во стомак. Новата љубов ќе ви помогне старата сосема да ја избришете од срце.




3 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *