Иако секој пар има свој ритам во водењето љубов, многумина од нив се запрашуваат дали имаат нормалнa фрекфенција на сексуалниот однос.

Почесто од еднаш месечно
Не е страшно ако водите љубов еднаш или двапати месечно, само под услов ако вистински уживате во него. Меѓутоа, ако имате помалку од 30 години, нормално е да имате посилна желба за секс. Ако и покрај тоа, ретко водите љубов, отворено поразговарајте со својот партнер и кажете му дека имате желба тоа да го правите почесто.
Еднаш или двапати неделно
Повеќето од паровите кои се во брак водат љубов во просек два пати неделно. Ако сексот ве прави задоволни и не чувствувате дека ви недостига, ова е сосема нормален ритам. Сепак, некои парови би сакале да водат љубов почесто, но ги спречува грижата околу домаќинството и грижата за нивните деца. Ако и вие се наоѓате во ваква ситуација, обидете се да се ослободите и однесете ги кај вашите родители. Кај жените се случува неколку месеци по породувањето да немаат нагласена желба за секс, па нив повеќе ги интересира квалитетот на истиот, а не неговата фрекфенција.
Двапати или трипати неделно
Според повеќето истражувања за зачестеноста на сексуалниот однос, испитаниците велат дека би сакале да водат љубов со својот партнер повеќе од двапати неделно, но ретко кој успева. За толку чести сексуални односи потребна е релаксација на телото, умот и духот. Современиот начин на живот често попречува некој од овие фактори, но треба да се стремиме нашите желби и потреби секогаш да се наоѓаат на прво место. За ова без сомнение ќе се согласи и вашиот партнер.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
А за тие кои имаат 5-7 пати неделно?