Top

Велигденска погача

Денес ви претставуваме рецепт со кој ќе ја збогатите празничната трпеза. Имено, станува збор за Велигденска погача, чија подготовка е едноставна.



Потребни состојки:
1 пакетче сув квасец
1/3 шолја шеќер
1 шолја млако млеко
5 ½ шолји брашно
2 лажици рендана кора од лимон
1 кафена лажичка сол
7 јајца (4 обоени црвено и 3 свежи, небоени)
6 лажици стопен путер
1 белка од јајце

Начин на подготовка:
Квасецот и 1 лажица шеќер ставете ги во млакото млеко да отстојат. Потоа истурете ја смесата во сад во кој претходно ќе ги ставите брашното, остатокот шеќер, кората од лимон и солта. Потоа замесете го тестото. Додадете ги јајцата и стопениот путер и изматете ги со миксер, на најмала брзина. Потоа размесете го тестото со рака и покријте го да нарасне. Откако ќе нарасне тестото, размесете го и поделете го на 3 дела. Со дланките направете „јаже“ од секој од деловите. Потоа, во тава премачкана со масло и наросена со брашно, заплетете плетенка, во форма на круг и оставете место за фарбаните јајца. Вметнете ги фарбаните јајца и покријте ја тавата за да нарасне погачата. Потоа, со изматената белка намачкајте ја погачата. Печете на температура од 200-250 степени, околу 30 минути (додека не порумени, или пак проверете со чепкалка).

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *