За многумина, топлото чоколадо е омилен пијалок во есенските и зимските денови. Конкретно овој рецепт, освен што ќе ви овозможи слатко уживање, истиот влијае врз кардиоваскуларниот систем, ја ублажува кашлицата и ги смирува тегобите во желудникот.
Потребни состојки:
– 150g чоколадо со најмалку 60% какао
– 200ml полномасно млеко
– 200ml слатка павлака
– 1 мала лажица кафеав шеќер
– прстофат сол
– малку цимет
Подготовка:
Чоколадото исецкајте го на ситни парчиња. Во сад ставете ги млекото и слатката павлака да се варат на средна температура. Откако ќе почне да врие, прелијте го исецканото чоколадо со нив и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса. На крај додадете прстофат сол, кој ќе го појача вкусот на чоколадото, и малку цимет. По желба, наместо цимер може да додадете мускантно оревче, рендан свеж ѓумбир или чили во прав.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!