Постои ли некој што не обожава колачиња? Овие колачиња се вкусни, а се подготвуваат многу лесно.

Потребни состојки:
1 маргарин
½ шолја шеќер
5 лажици мед
2 ½ шолји брашно

Начин на подготовка:
Со миксер матете ги маргаринот, шеќерот и медот, сè додека не се соединат. Постепено матејќи додавајте го брашното. Откако смесата ќе се соедини, покријте ја со фолија и оставете ја да отстои во фрижидер најмалку 2 часа. Потоа тестото поделете го на 3 дела и од секој дел со сукало направете по една кора. Со калапчиња направете разни форми на колачиња. Ставете ги во рерна и печете ги додека горниот дел не порумени и додека рабовите не потемнат.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!