Top

Мафини детелини со мед

Има ли поубав мирис од оној што го шири тазе печеното лепче? Аромата која ја исполнува целата кујна сигурно ви отвора апетит. Денес ви претставуваме малку поинакво лепче, печено во калап за мафини.



Потребни состојки за тестото:
4 ½ лажички сув квасец
½ шолја топла вода
1 ½ шолја топло млеко
1 лажица масло
1 јајце
¼ шолја путер
2 лажички сол
5-6 шолји брашно

Начин на подготовка:
Во сад ставете ги водата, квасецот,  маслото и една супена лажица мед, и измешајте ги со лажица. Смесата оставете ја да отстои 10-15 минути. Потоа додате го топлото млеко, останатиот мед, јајцето и путерот и матете со миксер на најмалата брзина. Постепено зголемете ја брзината и додадете 2 шолји брашно и солта. Додадете до 5 шолји брашно и матете 4-5 минути за да проверите дали тестото е лепливо. Ако е премногу лепливо, додадете ја и 6-тата шолја брашно. Потоа размесете го тестото со раце, и оставете го да кисне на топло не повеќе од 2 часа. Потоа размесете го повторно, ставете по 3 топчиња во секое калапче за мафините, покријте ги со крпа и оставете ги најмногу 1 час. Загрејте ја рерната, намачкајте ги детелинките со стопен путер и печете ги 15-20 минути. Кога ќе заруменат значи дека се готови.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *