Top
coko-puding

Рецепт за домашен чоколаден пудинг

Денес речиси сѐ е достапно на полиците во маркетите, но сепак домашното е послатко. Токму затоа, денес ви презентираме рецепт за домашен чоколаден пудинг кој е вкусен и сочен.

За подготовка на чоколадниот пудинг потребни се следниве состојки:
– ⅔ шолја шеќер
– ⅓ шолја пченично брашно
– ¼ лажица сол
– 2½ шолји млеко со поголема масленост
– 4 жолчки
– 2 лажици масло
– 1 лажица екстракт од ванила
– 1 чоколадо со поголем процент на какао

Подготовка:
Чоколадото стопете го на пареа. Измешајте ги сите суви состојки и на крај додадете ги млекото и жолчките. Сето тоа варете на го на средна јачина околу 8 минути, константно мешајќи, односно додека не почнат да се прават меурчиња од вриење. Смесата истурете ја во сад за матење и додадете ги маслото, екстрактот од ванила и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во мали чинии или чаши, покријте ги со фолија и оставете ги да се изладат најмалку 2 часа. Пред да го послужите може да додадете рендано чоколадо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>