Top
cupckaer

Брз рецепт за чоколадни тортички

Ако сакате за се заблажите, а немате ниту време ниту волја да поминете многу време во кујната, тогаш овој рецепт е одличен за вас. За подготовка на овие вкусни чоколадни тортички не е потребен миксер, а готови се за една минута.

Потребни состојки:
– 2 лажици какао во прав
– 3 лажици брашно
– 2 лажици шеќер
– прстофат сол
– ¼ лажица прашок за печиво
– 2-3 лажици масло
– 3 лажици млеко
– ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:
Сувите состојки измешајте ги во сад. Потоа додадете ги млекото, маслото и екстрактот од ванила и мешајте додека смесата не се изедначи. Смесата ставете ја во калапи и печете во микробранова печка околу една минута. Доколку немате микробранова, може да печете во рерна загреана на 100 степени, 3-5 минути. Тортичките треба да останат меки во средина, а готови се кога горниот дел повеќе не е леплив. Послужете ги со шлаг и парчиња овошје.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>