Top
teatea

Зошто да пиете чај од камилица?

Камилицата е една од најпопуларните билки која одамна се користи во медицината, а многу е ефикасна и како лек против депресија и други разни заболувања.

Ги опушта мускулите и ги намалува менструалните тегоби
Еден од најдобрите начини за употреба на камилицата е за опуштање на мускулите. Две до три шолји на ден од овој вкусен чај ќе ви помогне да се ослободите од напнатост и да ги опуштите мускулите. Освен тоа, мошне ефикасен е и во ослободување од менструалните тегоби.

За подобар сон
Камилицата содржи компоненти кои имаат смирувачко дејство. Пред спиење напијте се една шолја чај од камилица, бидејќи ќе ви помогне поубаво да спиете.

Го смирува желудникот
Оваа билка има моќ да ја смири болката во желудникот и ги ублажува проблемите со цревата. Покрај тоа, помага и во варењето на храната. Затоа, пијте чај од камилица со најмалку еден оброк во текот на денот.

Против настинка
Шолја топол чај од камилица помага да се решите и од настинката, бидејќи оваа билка има антибактериско дејство.

Лекување рани
Ако имате исекотина или пак површинска рана, поставете облоги од чај од камилица или крема која содржи камилица, бидејќи на тој начин раните побрзо заздравуваат. Освен тоа, камилицата е одличен лек за кожни болести, а и го подобрува квалитетот на кожата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>