Градот Петра во Јордан е едно од седумте Светски чуда, а и со причина ја носи оваа титула. Долго време се знаело за постоењето на овој град, но не се знаело каде точно се наоѓа, се до 1812-та кога еден швајцарски истражувач го пронашол за време на своите патувања на Истокот. Притоа, тој се пробивал низ високи планини од камен, и за негово изненадување, градот бил во самите карпи.
Да, всушност градот е практично издлабен во високите карпи и се состои од повеќе репрезентативни градби, од кои секако најпозната е Палатата на Петра, или попозната како ‘The Treasure’, односно ‘Богатството’. Градот бил изграден во 6-ти век п.н.е. , од страна на бедуинскиот народ Набатеи, кои биле трговци, а го населувале градот се до 551 година, кога градот бил погоден од земјотрес, и никогаш повеќе не бил населен.
Градот имал и сопстен водоводен систем, а и импозантен амфитеатар, кој исто така целиот е издлабен во карпите.













Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
woow NO COMMENT!!!:))))