Top
leto

Што им носи ова лето на хороскопските знаци?

Летото е период од годината кој најчесто носи пресврт во животот на секој хороскопски знак, поради започување нова врска, поради летна авантура која ќе се памети долго, поради крај на врска после заедничко летување, поради ново работно место и слично.

Овен
Ова лето ќе ви донесе многу љубов, но можеби и бебе. Очекувајте многу љубов и хармонија, која може да се круниса со брак.

Бик
Постои можност да потрошите многу енергија во купувањето на нов дом.

Близнаци
Времето ќе го поминете со луѓе и во активности заедно со вашиот партнер. Ако ви е преку глава од работата, време е да си пронајдете друга, која ќе ви се допадне многу повеќе.

Рак
Оваа сезона е погодна за нов почеток – астролозите ги советуваат претставниците на зодијачкиот знак да имаат повеќе самодоверба и да вложат повеќе грижа за своето здравје.

Лав
Ќе се насочите кон нова работа, но ако сте мудри, ќе започнете да го правите она во кое што сте навистина талентирани.

Девица
Релаксирање и уметност е вашето идеално лето. Време е да ги вратите старите пријателства и да ја разбудите креативната страна во вас.

Вага
Летото е време за нови пријателства кои ќе се останат и во иднина. Морате да размислувате и за развој на талентот, како и да комуницирате со повеќе луѓе.

Скорпија
Триумф во љубовта, доколку не се плашите од нешто, или имате ниско ниво на самодоверба. Главата горе и во нови освојувања!

Стрелец
Нема да престанете да патувате во текот на целата сезона. Вашите ризични потфати ќе завршат со голем успех.

Јарец
Креативен почеток на летото. Оваа сезона ќе ви биде насочена повеќе кон духовни искуства како цртање и медитација, отколку во практичните дела кои што им се својствени.

Водолија
Водолиите ќе живеат во знакот на љубовта цело лето – романтиката и чувствата ќе ги придружуваат за време на сезоната, а на есен може да бидат и сериозно врзани.

Риби
Не љубовта, туку парите ќе бидат на секој чекор во летните месеци. Дури и да му помогнат несебично на некого, Рибите ќе добијат надоместок за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>