Дали некогаш сте претпоставиле дека можеби постои езеро со розева боја? Ако да, тогаш во право сте! Езерото Хилиер се наоѓа Западна Австралија и се карактеризира со интензивно розева боја.
Езерото случајно го открила една научна експедиција 1802-та година, а членовите на групата биле воодушевени од неговата боја.
Должината на езерото изнесува 600 метри, а истото е обиколено со ситен песок и густа шума претежно составена од зимзелени растенија. Дококу земете вода од езерото во стаклен сад таа останува розева, а научиниците, за жал, сеуште не можат да го откријат потеклото на бојата.
Засега постојат две теории. Едната вели дека специфичната боја ја даваат микроорганизмите Dunaliella salina и Halobacteria, а пак, другата претпоставка е дека розевата боја се должи на високата концентрација на бактријата Halophilic.
Ниту една од овие претпоставки не е научно потврдена.
Но, и покрај специфичната боја, езерото сосема безбедно за луѓето и нема никакви негативни ефекти врз човековото здравје.





Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!