Top
Tips-for-using-personlity-tests-iLike-mk

Роршахов тест: Откријте дали сте под стрес, самобендисани или сте сексуално оптоварени?

Херман Роршах бил познат швајцарски психијатар и психоаналитичар, креатор на еден од најпознатите тестови за дијагноза на личноста, кој го носи неговото име.

Постојат неколку вакви тестови, но овој се состои од десетина дамки со недефиниран облик направени со помош на мастило врз еден бел лист хартија.

Пациентот би требало на свој начин да ја протолкува сликата и да ги објасни првите асоцијации веднаш штом ја види, а токму тоа е клучот на овој тест преку кој се открива неговата емотивна и психичка состојба.

Погледнете ја сликата и кажете што гледате на неа?!

РЕЗУЛТАТИ:

ДВЕ ЛИЧНОСТИ

Во каква врска се луѓето кои ги гледате на сликата? Решението лежи во вашиот фокус. Оваа слика исто така крие и сексуална конотација, па не би било чудно кај вас да поттикне такви мисли. Доколку главниот фокус е токму на сексот, веројатно потсвесно сте оптоварени со него.

ГО ГЛЕДАТЕ СОПСТВЕНИОТ ЛИК КАКО ВО ОГЛЕДАЛО

Личноста која се набљудува во огледало сте всушност вие самите. Какви чувства поттикнува таа слика? Дали гледате многу крв? Крвта е поврзана со агресија и негативни емоции. Чувствата на личноста која се набљудува себе си во огледало се всушност вашите емоции кои ги имате кон себе си.

КУЧЕ

Какви чувства негувате кон кучиња? Кучето симболично го претставува вашето внатрешно битие, но и стравови. Доколку имате негативни емоции, можеби имате некои прикриени стравови и стресови со кои би требало да се сооочите.

СЛОН

Слоновите симболично претставуваат интелегенција и самодоверба. Какви чувства буди слонот во вас? Позитивни или негативни? Оваа слика го оддава она што го мислите за себе.

МЕЧКА

Ако гледате ранета крвава мечка, веројатно длабоко во себе носите прикриени емоции на тага. Овие личности се многу чувствителни, со благ темперамент и лесноверни.

ДВЕ ЛИЧНОСТИ КОИ СЕ МОЛАТ

Оваа слика поседува и сексуална конотација, но кај вас очигледно е тесно поврзана со самиот контекст на религија. Доколку гледате и крв, веројатно религијата ја доживувате низ пожртвуваност и патење. Исто така, при животни кризи во голема мера се потпирате на молитви.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>